Собранието го доби најлошиот и најнегативниот извештај од ЕУ за напредокот на Македонија во историјата, вели поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски.
Како што посочува, критиките на Европската Комисија се однесуваат во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието.
За време на „режимот“, вели тој, законите со европско знаменце беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтерсирано тело и даваше само мислење.
„Никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, да го девалвира и да го прави предмет на потсмев“, вели Вељаноски. Како што истакнува, злоупотребата на европското знаменце започнала од почетокот на 2018 година со вонделовничко донесување на Законот за употреба на јазиците, по што на секој проблематичен закон му се лепи европско знаменце и Комисијата за европски прашања противуставно стана втор законодавен дом, пишува Велјановски.
Понатаму, вели тој, во периодот пред власта на СДСМ, извешитаите на независните регулаторни тела беа разгледувани на пленарна седница веднаш откако ќе беа добиени и беа гласани со соодветни заклучоци. Денес, извештаите на независните регулаторни тела или воопшто не се разгледуваат или се ставаат а разгледување после две години кога истите се беспредметни за расправа.
До 2017 година, според Вељаноски, информациите предложени од опозицијата беа ставани на Дневен ред, дискутирани и разгледувани на секоја втора седница, а на редовната понеделничка координација се договараше неделен распоред за пленарни седници и комисии, како придобивка од Вестминстер проектот. По 2017 година, информациите предложени од опозиција (колку и да беа) воопшто не се разгледувани, а нема никаков договор на понеделничката Координација, вели поранешниот претседател на Собранието.