Го гледам вклучувањето на мојот пријател, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Инфомакс. Многу жалам што она што го напишав во отвореното писмо пред некој ден ми се потврди, дури сега сум повеќе загрижен и од тогаш.
Почитуван Никола,

Дали тоа што го кажуваш во емисијата можеш да ми го кажеш и на мене, гледајќи ме во очи?

Дали Никола можеш да негираш дека од мене бараше да направам средби со преставници од власта на кој ќе зборуваме за измени на кривичниот законик?

Жално Никола, жално. Ти верував толку години, сопствената слобода многупати ја ризикував верувајќи дека помагам на човек кој се мачи за Македонија, ама од ден за ден моето разочарување е се поголемо.

Што ли уште ќе слушнам од тебе Никола? Што ли уште ќе ме изненади?

Очигледно длабоко си влезен во играта и не можеш да излезеш.

До кое дереже падна пријателе мој. Од голем водач на македонскиот народ, стана инструмент во рацете на власта..