Фудбалерите Александар Трајковски и Енис Барди денеска од Министерството за надворешни работи добија дипломатски пасоши.
Во изјава за ТВ21, фудбалерите велат дека овој пасош за нив е големо признание.
„Искрено многу сме благодарни што ја добивме таа прилика, да добиеме дипломатски пасоши и се заблагодаруваме за тоа. Убаво е кога некој ќе ве почести со такво нешто и ние на некој начин тоа го покажуваме на терен, што е наша работа, така да стварно сме благодарни“, истакна Трајковски за ТВ21.
Барди, исто така, се заблагодари на оваа можност, а истакна и дека во иднина очекува да биде исто и за нивните други соиграчи