Македонија вечерва се врати од Португалија после поразот во мундијалското финале за пласман на СП во Катар, некомплетна зашто дел од репрезентативците директно од Порто заминаа во своите клубови.
Македонија имаше квалификации како од бајките, помина многу трнлив пат за да дојде да го живее сонот за Мундијалот, но на крајот не успеа, зашто Португалија ќе беше уште еден преголем залак откако на патот кон Катар веќе ги победивме Германија и ја елиминиравме Италија. Но, оваа селекција покажа дека може и дека во иднина ќе носи уште радости.
-Верувам во нашата репрезентација, зашто сме млада репрезентација и дека ќе има друга шанса да го оствариме тој сон што вчера не успеавме да го оствариме. Вчера сите го дадовме максимумот и тоа што го имаме во нас, дадовме сѐ за да отидеме на тоа Светско првенство, но ете одигравме против една селекција која сите добро знаеме колку е квалитетна. Дадовме сѐ, се надевам дека повторно ќе имаме шанса повторно да се бориме за пласман на тоа Светско првенство, рече Трајковски.