Америка ќе ја поддржи Украина, изјави Трамп, истакнувајќи дека сака конфликтот во земјата да заврши
Америка ќе ја поддржи Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека сè уште не разговарал за конкретни безбедносни гаранции за земјата.
Во врска со конфликтот во Украина, Трамп рече дека сака таа војна да заврши, истакнувајќи ја потребата од мирно решение.
Тој информираше дека на оваа тема разговарал со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп истакна дека Путин не е подготвен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи засега не сака таков состанок.
Покрај тоа, американскиот претседател рече дека во разговорите со Путин била разгледана и темата за нуклеарно вооружување. Како дел од пошироките безбедносни прашања меѓу двете земји.