Американскиот претседател Доналд Трамп доби официјална покана да ја посети Русија, потврди денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„Како што знаете, тој беше поканет. Претседателот (на Русија, Владимир) Путин ја потврди поканата за време на прес-конференцијата во Алјаска, а Доналд Трамп, ако добро се сеќавам, рече дека била многу интересна“, изјави Лавров за медиумската служба „Русија 24“.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп се сретнаа во петок, 15 август, на Алјаска, во рамки на разговорите за можниот мировен договор за Украина.