Американскиот претседател Доналд Трамп денеска донесе одлука за промена на името на езерото Онтарио во „Езеро Америка“. Одлуката, според неговата објава, стапува на сила веднаш.

Трамп ја потпишал извршната уредба во Овалната соба, со која од официјалните служби на САД задолжени за географските називи се бара да го променат името на езерото.

Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка и се наоѓа на границата меѓу канадската покраина Онтарио и американската сојузна држава Њујорк.

Одлуката доаѓа само една недела откако целосно пропаднаа тридневните интензивни трговски преговори меѓу САД и Канада.

Двете страни меѓусебно се обвинуваа за неуспехот на разговорите. На 22 август, Белата куќа воведе царини од 50 проценти за одредени производи од Канада.

Канада возврати со најава за контрацарини за американски стоки, исто така до 50 проценти.