Трамп го оцени Техеран како поранешен насилник на Блискиот Исток
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ напиша дека Иран е „тешко поразен“ и дека Техеран се извинил на соседните земји на Блискиот Исток, ветувајќи дека повеќе нема да ги напаѓа.
„Ова ветување е дадено само поради непрекинатите американски и израелски напади“, истакна Трамп.
Тој го нарече Иран поранешен насилник на регионот, кој сега станал губитник на Блискиот Исток, и предупреди дека се разгледуваат нови удари врз цели што досега не биле на листата.
Изјавата на Трамп следи откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан објави дека привременото раководство на Иран одлучило да ги прекине нападите врз соседните држави, освен ако тие прво не ја нападнат иранската територија.
