Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да биде брифиран од командантот на Централна команда на САД, генерал Брад Купер, за нови планови за можни воени дејствија против Иран, објави политичкиот портал „Аксиос“.
Белата куќа засега не ги коментира таквите информации.
Според извештаите што ги објави „Аксиос“ повикувајќи се на изјави на двајца добро упатени извори, Централната команда изготвила план за „кратка и силна“ серија удари врз Иран, насочени најверојатно кон инфраструктурни објекти.
Вашингтон се надева дека со таков потег ќе го принуди Иран на поголема флексибилност во преговорите за нуклеарната програма.
Друг план што треба да му биде претставен на Трамп предвидува преземање контрола врз дел од Ормускиот теснец, со цел повторно да се овозможи непречена трговска пловидба.
Исто така, се разгледува и можноста за операција на специјалните сили за преземање контрола врз високо збогатениот ураниум со кој располага Иран.
