Трамп најави зголемени царини за Индија, обвинувајќи ја за препродажба на руска нафта и игнорирање на жртвите во Украина

Американскиот претседател  Трамп најави зголемени царини за Индија како одговор на нејзиното купување руска нафта и понатамошна препродажба.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп напиша дека:

„Индија не само што купува огромни количини руска нафта, туку и продава голем дел од нафтата што ја купува на отворениот пазар за да оствари голем профит.“

Трамп додаде дека во Њу Делхи „не им е грижа колку луѓе во Украина се убиени од руската воена машинерија“.

Поради тоа, тој рече дека ќе има зголемени царини за Индија без да прецизира конкретен износ или датум на воведување.

Минатата недела, Трамп најави воведување царина од 25 проценти за стоки од Индија. Два извора од индиската влада за британски медиуми изјавија дека Индија ќе продолжи да купува руска нафта и покрај заканите.