Можен напад врз иранските нуклеарни постројки најавен преку остри пораки и услови за безусловно предавање

На брифинг во Белата куќа, претседателот на САД, Доналд Трамп, одби да даде јасен одговор.  На прашањето дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни постројки. Во кратката, но набоена изјава, тој потенцираше:

„Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам тоа. Никој не знае што ќе правам,“ рече Трамп, оставајќи ја јавноста без конкретен став за идните чекори на Вашингтон кон Иран.

Според него, Техеран пропуштил можност за дипломатско решение пред истекот на рокот од 60 дена. Тој додаде дека Иран сега наводно сака да преговара, но, како што изјави, „сега е многу доцна за разговор“, и побара „безусловно предавање“ од иранска страна.

„Потоа ние ќе ги дигнеме во воздух сите нуклеарни објекти (во Иран),“ порача Трамп, нагласувајќи го ставот на неговата администрација кон иранската нуклеарна програма.

Во врска со телефонскиот разговор што го имал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп го опиша израелскиот лидер како „добар човек“ кој „добро си ја врши работата“, и додаде дека му порачал „да продолжи“.

Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи

 

 

 

Извор: Plusinfo