Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото раководство на Иран сака да воспостави контакти со неговата администрација и дека тој планира да ги прифати разговорите. Тој додаде дека разговорите ќе се одржат, но не откри кога точно.
– Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив. Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго – изјави Трамп во интервју за списанието Атлантик.
Во друго интервју за Фокс њуз, Трамп изјави дека во тековните американско-израелски напади врз Иран биле убиени 48 ирански лидери.
– Никој не може да поверува во успехот што го имаме. 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо – нагласи Трамп.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, американскиот претседател оцени дека американската операција во Иран се одвива „пред предвидениот рок“, без да навлегува во дополнителни детали.
