САД и Јужна Кореја договорија 15% царина и нов пакет инвестиции вреден 350 милијарди долари
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нов договор за царини со Јужна Кореја, кој ќе стапи на сила од петок. Царините ќе бидат различни за секоја земја, но за Јужна Кореја ќе важи стапка од 15 отсто.
САД и Јужна Кореја постигнале договор во рамки на пошироки трговски преговори.
Трамп го најави договорот преку својата платформа Трут Сошл, опишувајќи го како „сеопфатен трговски договор“.
„Јужна Кореја ќе им обезбеди на САД 350 милијарди долари преку инвестиции,“ напиша Трамп.
Тој додаде дека Јужна Кореја ќе купува течен природен гас или други енергенси вредни 100 милијарди долари. Најави дека дополнителен износ на инвестиции ќе биде објавен наскоро.
Според Трамп, тоа ќе се случи за време на посетата на јужнокорејскиот претседател во Вашингтон.
Посетата е закажана за наредните две недели.
Претходно, Трамп најави стапка од 25 проценти царина за увоз од Индија.