Иран испрати значаен подарок поврзан со Ормуската Теснина и енергијата
Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека Иран му испратил „подарок“ од голема финансиска вредност, поврзан со нафтата, гасот и Ормуската Теснина. Тој го сподели ова во Овалната соба, одговарајќи на прашања на новинарите за довербата во Иран.
– „Тие вчера направија нешто што беше неверојатно — ни дадоа подарок … кој пристигна денеска“, изјави Трамп.
– „Тоа беше многу голем подарок вреден огромна сума пари, и нема да ви кажам што е тој подарок, но тоа беше многу значајна награда“, додаде тој.
На прашање дали му верува на Иранците, претседателот прво потенцираше:
– „Не му верувам никому.“
Трамп откри дека подарoт бил поврзан со нафтата и гасот, а не со нуклеарната енергија.
– „Ни го дадоа и рекоа дека ќе го дадат. Тоа за мене значеше една работа: (дека) работиме со вистинските луѓе … Тие се единствените (кои) можеа да го направат тоа“, изјави Трамп, пренесе Тајмс оф Израел.
На прашање дали подарокот е поврзан со Ормуската Теснина, тој потврди:
– „Да.“
И кога беше прашан дали САД ќе го контролираат Ормуз по завршувањето на војната, Трамп рече:
– „Ќе имаме контрола врз сè што сакаме.“
– „Мислам дека ќе ја завршиме (војната)“, додаде тој.
Американскиот претседател се пошегува дека кога им кажал на министерот за одбрана и на началникот на војската дека мисли оти конфликтот со Иран наскоро ќе се реши, двајцата „биле вознемирени бидејќи сакале да продолжат да се борат“.
