Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека на средбата со Путин ќе се разговара за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за новинарите во авионот „Ер форс уан“ на пат за Алјаска, најави дека очекува „нешто да произлезе“ од разговорите со Путин. Трамп истакна дека на средбата ќе се разгледуваат можни територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина. Но дека одлуката за територијалните прашања треба да ја донесе Украина.
Претседателот додаде дека се можни и безбедносни гаранции за Украина. Но не преку членство во НАТО, туку со договор со Европа и други земји.
Во однос на економската соработка, Трамп рече дека Русија е заинтересирана за дел од американската економија. Но „нема да има деловна активност додека трае војната“.
Трамп го потврди и своето предупредување од почетокот на неделата за „сериозни економски последици“. Доколку Путин не покаже интерес за мир, додавајќи дека тоа го прави „за да спаси многу животи“.