Можно прекинување на примирјето
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност да не го продолжи примирјето со Иран, доколку до среда не се постигне долгорочен договор за прекин на војната.
Тој предупреди дека во таков случај состојбата може повторно да ескалира.
„Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона.
„Значи, имате блокада и за жал ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби“, рече тој.
