По тридневните преговори меѓу делегациите на Вашингтон и Киев во Флорида, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека украинскиот лидер Володимир Зеленски „не е подготвен“ да го прифати мировниот предлог на САД, чија цел е прекин на војната со Русија, пренесе CNN. Трамп е разочаран од одлуката на Зеленски, која уследи непосредно по завршувањето на разговорите, наведувајќи дека токму од позицијата на Киев зависи понатамошниот тек на процесот.

„Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направи тоа“, изјави Трамп во неделата вечерта, зборувајќи пред новинарите.

Тој посочи и дека очекува Москва да се согласува со содржината на предложениот договор, но дека нема сигурност оти украинскиот претседател има ист став. Сепак, Трамп беше разочаран што не се постигна договор.

Иако рускиот претседател Владимир Путин досега јавно не го поддржал документот од Белата куќа, претставниците на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер минатата недела отпатувале во Кремљ на средба со него. Трамп разочаран, бидејќи разговорите сепак не донеле јасен напредок.

Во исто време, рундата преговори меѓу американските и украинските претставници во Флорида заврши во саботата без видлив исход. Зеленски ги опиша како „конструктивни, иако не лесни“, пренесе „Гардијан“.

Изјавата на Трамп уследи само ден пред средбата на Зеленски во Лондон со британскиот премиер Кир Стармер и со лидерите на Франција и Германија, одржана со цел продолжување на дијалогот меѓу Киев и Вашингтон. Трамп разочаран дека разговорите не покажаа напредок.