Ормутскиот теснец во фокусот на нови тензии

Претседателот на САД Доналд Трамп упати остро предупредување кон Иран, нагласувајќи дека Вашингтон нема да толерира било какво попречување на меѓународниот поморски сообраќај.

Тој порача дека доколку Техеран продолжи со активности што ја загрозуваат безбедноста на клучните рути за транспорт на нафта, САД ќе реагираат со драстични мерки. Трамп не ја исклучи можноста за целосно блокирање на поморскиот проток, што би имало сериозни последици врз глобалната економија.

„Ормутскиот теснец е од витално значење за целиот свет. Ако Иран се обиде да го затвори или да прави проблеми, ќе се соочи со последици какви што досега не видел. Јас сум подготвен да го затворам протокот на сообраќај таму додека не се воспостави ред. Нема да дозволиме играње со глобалната енергетска безбедност“, изјави Трамп.

Експерти предупредуваат на ценовни шокови

Економски експерти предупредуваат дека секоја нова ескалација во регионот може да предизвика остар раст на цените на нафтата на светските пазари. Причината е што значителен дел од глобалниот извоз на нафта поминува токму низ Ормутскиот теснец.

Напнатости и енергетски последици

Според информациите, на 28 февруари годинава САД и Израел започнале напади врз Иран. Конфликтот сè уште трае и веќе предизвикува сериозни потреси на енергетските пазари и цените на енергенсите.