Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно упати остра порака до Иран, заканувајќи се со сериозни последици доколку Техеран не се согласи на договор.
Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, Трамп потсети на претходниот ултиматум што им го дал на иранските власти во врска со отворањето на Ормускиот теснец.
„Се сеќавате дека му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормускиот теснец. Времето истекува – уште 48 часа пред целиот пекол да се урне врз нив. Слава му на Бога“, напиша Трамп.
Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, по затворањето на Ормускиот теснец и ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, САД и Израел.
САД и Израел започнаа напади врз цели во Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади врз израелски цели и американски воени објекти на Блискиот Исток.
Потоа Иран го затвори Ормускиот теснец, клучен воден пат преку кој се транспортира значителен дел од светските енергенси.
