Од средбата со Путин ќе знам дали е можен договор, вели Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од средбата со Путин ќе знам уште во првите минути дали е можно да се постигне договор. Тој додаде дека украинскиот претседател Зеленски може да присуствува на неговиот самит со рускиот лидер во Алјаска во петок. Со ова, како што рече, би се отворила можност за директна комуникација меѓу лидерите. Но, тој изрази скептицизам дека тоа значително ќе помогне да се обезбеди мировно решение.
„Ќе имаме состанок со Владимир Путин и на крајот од тој состанок, веројатно во првите две минути, ќе знам точно дали може да се постигне договор или не,“ изјави Трамп.
На новинарско прашање како ќе го знае тоа, тој одговори: „Затоа што тоа го правам. Склучувам договори“.
Трамп додаде дека средбата меѓу Путин и Зеленски е неопходна и порача: „На крајот на краиштата, ќе ги ставам двајцата во иста просторија. Или ќе бидам таму, или нема да бидам таму, и мислам дека ќе се среди“.