Доналд Трамп изјави дека војната против Иран е „речиси целосно завршена“, бидејќи „не останало ништо во воена смисла“ во земјата.

„Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздушни сили. Ракетите им се расфрлани, а дроновите им се уништуваат насекаде, вклучувајќи и производството на дронови. Ако погледнете, речиси ништо не им остана“, рече Трамп во интервју за CBS.

Изјавата следуваше девет дена по почетокот на војната и дојде по наглиот пораст на цените на нафтата, кој претставува ризик за глобалната економија и инфлацијата.

Трамп во интервјуто упати и директна порака до Иран:

„Тие испукаа сè што имаа, и подобро е да не се обидуваат со нешто паметно, бидејќи тоа ќе биде крајот на таа земја.“

По неговите коментари, цените на нафтата нагло паднаа. Меѓународниот стандард Brent се тргуваше на 89,89 долари за барел во попладневното тргување во Њујорк, по што во азиската сесија достигнаа над 119 долари. Американската WTI нафта падна на 86,89 долари за барел, од максимумот од 119,48 долари.

Американските берзи реагираа позитивно: индексот S&P 500 порасна за 0,9%, додека Nasdaq Composite се зголеми за 1,4%.