Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас синоќа предупреди дека „неоправданата и нелегална инвазија на Русија врз Украина“ го загрозува светскиот мир и економската стабилност.
Таа во соопштение по повод 100 дена војната оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „лошо пресметал“.
-Тој очекуваше дека инвазијата ќе заврши за неколку дена, но многу ја потцени решителноста на храбрите Украинци кои бестрашно ја бранеа својата земја, наведе Трас.
Како што пренесува Би-Би-Си, таа додаде дека „инвазијата на Путин“ донесе смрт и уништување какви што не биле видени во Европа од Втората светска војна.