Мицкоски истакна:

-Нашиот став дека овој Клинички центар е исто така потенцијален извор на сериозна пљачка и корупција, бидејќи на 40-тина страни физибилити студија да потрошите повеќе од половина милијарда и тоа физибилити студијата е направена врз основа на потребите на здравствениот систем пред пандемијата, затоа што физибилити студијата не ја опфаќа ново настаната состојба, односно после пандемијата е навистина безобразно да барате поддршка од опозицијата

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е за изградба на нов Клинички центар кој што ќе одговори на потребите на граѓаните, и апелираше до власта да седнат да разговараат и да најдат соодветно решение

-Ние никогаш не сме рекле дека сме против Клинички центар. Да сме за нов Клинички центар и сме понудиле и решение и подготвени сме да разговараме да имаме навистина Клинички центар со кој што ќе одговориме на потребите на граѓаните, но истовремено да не ги опљачкаме граѓаните бидејќи тоа се нивни пари, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски апелираше:

-Нема никаква комуникација, но еве отворена покана за власта да седнеме да разговараме и да ги судриме концептите и да најдеме решение со кое што ќе обезбедиме навистина конкурентен здравствен систем и да одговориме на потребите на граѓаните