Социјалните мрежи преплавени со реакции по веста дека е укината помошта од 6000 денари за децата со даунов синдром. Дури имаше и иронија:
Домника Кардула со иронична објава на Фејсбук:
„Секој чесен граѓанин се радува и ги и ги поздравува обидите за ставање ред вo државната каса и елиминирање на сите непродуктивни трошоци. Така со ,радост, ја примивме веста дека децата со даунов синдром и со лесна попреченост нема повеќе да бидат товар во буџетот!!! воу како доманќинлук!
–Платите ги покачивте за 100%, од 1000 евра сега на 2000 евра. На децата со Даунов синдром им укинавте додаток од 100 евра-напиша Ирфан Бучи.
Но министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска вели дека не е вистина и дека не е укинат додатокот од 6000 денари.
Таа додава дека додатокот е прекинат само за 8 деца од вкупно 121 кои немале целосна медицинска документација и кои добиле негативен одговор при посета од комисијата за проценка. Таа соопшти дека ќе се повтори надзорот за уште една проценка. Дауновиот синдром според меѓународните класификации на болести (ИЦД-10) е една од многуте дијагнози кои спаѓаат во категориите од член 33 од законот за заштита на децата.
Извор: Tv21.mk.