Денеска за првпат во историјата во Собранието се одржува пленарна седница посветена на успесите и неуспесите во делот на родовата еднаквост во последните 20 години. Ќе се одбележи и 20-годишнината од основањето на Клубот на парламентарките. Пратеничките се оние кои се изборија да се одржи ваква седница на која ќе се зборува за положбата на жените во државата, за тоа каде бевме и каде сме со цел да имаме повеќе права. Родовата еднаквост е борба за сите нас, таа не признава политичка припадност, вели Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, во СТУДИО 10 на ТВ 24.
-Имаме 51 жена од 120 пратеници или 42% што е над европскиот просек. Но, не можеме да се пофалиме со успех на застапеноста на жените во извршната власт – има само 5 министерки и две заменички. Во локалната самоуправа во советите имаме добри резултати, но разочарувачки е бројот на градоначалнички – само две од 81 општина, вели Тренчевска.
Таа појаснува дека ова е резултат на квотата за правична застапеност на жените, или афирмативна акција. Тренчевска вели дека се покажа дека квотата се покажа како нужна затоа што кај нас се уште нема свест за родова еднаквост.
– Апсолутно реба да се стремиме жени да бидат на највисоките функции вклучително и за првпат да имаме жена претседателка на државата, вели Тренчевска.