Трет ден по ред, Скопје е повторно меѓу најзагадените градови во светот, покажуваат релевантни веб страници за мерење на квалитетот на воздухот.
Според IQ Air, главниот град на земјава е вечерва на 11 место по загаденост на воздухот. Зголемено загадување се бележи и во други градови во Северна Македонија. Утринава, Скопје водеше на оваа неславна топ листа.
Според усвеоните мерки и правила во ваков случај, утре се очекува Град Скопје да ги активира повторно вонредните мерки кои се донесоа изминатите години. Мерките веќе беа активирани пред десетина дена, но беа укинати откако имаше подобрување на квалитетот на воздухот.