Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека Турција е погодена од уште еден земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Како што соопшти ЕМСЦ на Твитер, епицентарот на земјотресот бил на 21 километар од градот Хекимхан на истокот на Турција.