Последните податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800 000 граѓани, односно 767 800 граѓани се ревакцинирани. Воедно, на пет илјади граѓани ја примиле трета анти ковид доза на вакцината.
– Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години, информираа вчера од Министерство за здравство.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирано, а 35 проценти од жителите примиле две дози вакцина.
Анализите на Министерството за здравство во однос на позитивните случаи на Ковид-19 и граѓаните кој се вакцини покажуваат дека од 6 август до 21 октомври годинава, позитивни на Ковид-19 биле 42 945 граѓани, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11 253 лица. Оттаму посочуваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид -19 во наведениот период.
– Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува последната анализата на Министерството за здравство. Што се однесува до смртноста предизвикана од Ковид-19 во анализата се вели дека во период од 6 август до 2 октомври годинава, на територија на државата од Ковид-19 починале 1506 лица, односно 83 отсто од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 проценти примиле вакцина.
Имајќи ги во предвид овие податоци од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да се вакцинираат се единствена цел дека само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 199 057, на оздравени пациенти 185 931, на починати 7 019, а на активни случаи изнесува 6 107.
Според епидемиолошки анализи, Скопје и натаму е град со најголем број активни случаи, 3082, по што следи Куманово со близу 500 пациенти активни на Ковид-19, Велес, 297 случаи, Прилеп, 243.