Во објавите кои се појавија на социјалните мрежи, се вели дека очевидци пренесуваат како слушнале експлозија, за која се уште не е потврдено дали доаѓа од истата локација како и претходно денеска.

Ова би било трета експлозија во само неколку часа, а до сега според одредени извештаи животот го загубиле 60 лица, а повредени се стотици жители.

Меѓу загинатите, Пентагон потврди дека има и американски државјани, а според најновите непотврдени информации – бројот на американски војници кои го загубиле својот живот се искачил на 10.