Вредноста на американскиот долар паѓа трета недела по ред поради очекувањата за намалување на каматните стапки во септември
Вредноста на американскиот долар минатата недела падна во однос на кошничката на валути за трет пат трета недела по ред. Додека растеа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги намалат клучните каматни стапки во септември. Овој пад е поттикнат од сигналите на пазарите дека монетарната политика во САД би можела да се олесни доколку инфлацијата се стабилизира.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте главни валути, минатата недела се намали за 0,10 проценти. Изнесуваше 97,73 поени. Во исто време, еврото зајакна за 0,15 проценти. Достигна вредност од 1,1715 долари. Додека доларот ослабе за 0,15 проценти во однос на јапонскиот јен и падна на 146,95 јени.
Индексот на доларот во текот на поголемиот дел од неделата се движеше над 98 поени. И тоа додека инвеститорите со внимание го очекуваа обраќањето на претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел. Настапот се одржа на традиционалниот годишен состанок на централните банкари во американскиот град Џексон Хоул. Нстанот предизвика значителен интерес кај финансиските пазари.
Најважното прашање меѓу инвеститорите беше дали Пауел ќе најави намалување на каматните стапки. Или повторно ќе го истакне ставот дека Федералните резерви не треба да брзаат со вакви одлуки. Централната банка, според неговите претходни изјави, ќе почека да ги види ефектите од воведените царини за увоз во САД врз инфлацијата и економската стабилност, пренесе порталот Сеебиз.