Спасувачките тимови извлекле најмалку деветмина повредени од урнатините на двокатната зграда во провинцијата Бени Суеф, пишува египетскиот весник „Ал Ахрам“. Меѓу повредените има и деца.
Загинаа двајца браќа на возраст од осум и 12 години и нивната единаесетгодишна сестра.
Причината за уривањето не е позната, но тоа не е ретка појава во Египет поради лошата градба во сиромашните и руралните делови на земјата.