Како што е соопштено, ноќта меѓу 27 и 28 февруари, во паркот Мањеж, во напад со нож тешко е повреден млад човек.
Три лица биле нападнати во Белград поради нивната сексуална ориентација, соопшти организацијата за ЛГБТ права „Белград Прајд“.
„Група мажи, членови на „скинхедси“, го избодеа едниот од нападнатите со нож, а другиот го нападнаа со скршено шише“, објави „Белград Прајд“ на 28 февруари. Се додава дека и двајцата се хоспитализирани.
Организација за човекови права апелираше до надлежните органи да ги гонат сторителите.
„Сведоци сме на зголемување на нападите врз ЛГБТК заедницата и на злосторствата од омраза. Државата мора да работи на спречување и осуда на говорот на омраза во јавноста, кој често резултира со ваков вид на злосторства“, се вели во соопштението.