Според соопштението, меѓутоа, не е јасно дали бомбите за кои групата е обвинета било планирано да се користат во Данска или во други земји.

Обвинителката Лис-Лоте Нилас изјави дека плановите на тројцата обвинети им биле спречени, кога двајца од мажите во групата, на возраст од 22 и 23 години, биле приведени. Трагата од нив ги довела до третиот член, 39-годишна жена обвинета за финансирање на терористичките операции на ќелијата.

ДПА додава дека тројката била приведена во декември 2019 година.

Жената, исто така, е обвинета дека им помогнала на членовите на терористичката група Исламска држава да комуницираат преку Интернет и да формираат профили на социјалните мрежи.

Случајот се очекува да почне во судот во Копенхаген во ноември.