Од СВР Тетово информираат дека вчера полициски службеници во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека три лица не ги почитувале решенијата и не се наоѓале во нивните домови. Станува збор за лица од гостиварските села Долна Бањица и Градец на кои претходно им било издадено решенија за изолација и домашно лекување.

Минатиот месец на гостиварското подрачје беа регистрирани речиси сто случаи на прекршување од овој вид изолација, а добар дел од лицата заминале преку граница.

Како и во сите претходни случаи, така во последниот, против трите лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.