Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево во 14:35 часот на крстосницата од булеварот „Илинден“ и улицата „Климент Охридски“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила меѓу патнички возила „сеат ибица“, управувано од М.Л., родена во 2001 година и „фолксваген пасат“, управувано од Н.З., роден во 1973 година, двајцата од Скопје.
Возачот од „сеат ибицата“ и сопатникот Л.Г., роден во 2001 година од Скопје, биле пренесени во ГОБ „8 Септември“, каде од страна на доктор им била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди, а возачот од „фолксваген пасат“ бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди.