Поднесени се кривични пријави против три лица од Русија, Скопје и Куманово, за приложување лажен ПЦР тест на Граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север поднесоа кривични пријави против А.Н.(25) од Русија, К.А.(31) од Скопје и А.О.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавените, на излез од државата на граничен премин Табановце, покажале фалсификувани негативни ПЦР тестови, се вели во соопштението на МВР.