ЦУК информира дека три пожари сè уште беснеат, 16 се изгаснати
Од евидентирани 19 пожари на отворен простор низ државата, до 18 часот денеска три пожари сè уште беснеат, додека 16 се веќе изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активните пожари се регистрирани во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума во подрачјето на „Јасен“. Пожари има и во Општина Липково, поточно во село Слупчане, во Парк шумата Водно, општина Центар, каде гори сува трева.
Пожарите кои се изгаснати биле во повеќе општини, меѓу кои Липково, Студеничани, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Ресен, Струга, Дебар, Чашка, Штип, Кочани, Куманово и Јегуновце.
Опожарените површини се различни: од сува трева и ниска вегетација, преку мешана шума и грмушки, до стрништа и депонии со отпад.