Полковник Вејн Марото, портпарол на меѓународната коалиција во Ирак, објави на Твитер дека базата Аин ал-Асад била „нападната од три ракети“ рано попладне.
– Ракетите паднаа во базата. Нема повредени, а штетата се проценува, напиша Марото.
Initial report: At approx. 2:45 PM local time, Ain Al-Assad Air Base was attacked by three rockets. The rockets landed on the base perimeter. There are no injuries and damage is being assessed. For more information see @SecMedCell
— OIR Spokesman Col. Wayne Marotto (@OIRSpox) July 5, 2021
Нападот врз Аин ал Асад во западната провинција Анбар е последен во низата напади врз американски трупи во Ирак, за кои Вашингтон ги обвинува милициите поврзани со Иран.
Американските сили, чии 2.500 војници се стационирани во Ирак како дел од меѓународната коалиција за борба против џихадистичката група Исламска држава, се нападнати повеќе од 40 пати оваа година.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи една недела по смртоносните воздушни напади на САД врз проиранските борци и во Ирак и во Сирија.
Пентагон соопшти дека рациите се одмазда за напади против американските интереси, а државниот секретар Ентони Блинкен рече дека тие испратиле „јасна порака“ да не продолжуваат со нападите на американските сили.