Три ракети погодиле станбена област во близина на пристанишниот град Одеса во јужна Украина, изјави локалниот гувернер Максим Марченко во видео објавено на интернет.

Тој изјави и дека има жртви, пренесоа некои светски агенции.

– Непријателот изврши напад со три ракети врзедна населба, изјави Марченко, но не даде проценка за бројот на жртвите.