Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема сезона од соништата. По забраната да игра во Австралија, загуби неколку меча и не успеа да фати победнички ритам во пресрет на вториот сезонски Грен слем турнир.
Големиот шампион не крие дека негова најголема желба е да ја одбрани титулата во Париз. Меѓутоа истовремено мора да се брани од Данил Медведев, кој му се заканува на врвот на АТП листата.
Титула во Рим или Мадрид ќе му овозможи на Србинот да остане на првата позиција во пресрет на турнирот во француската престолнина. Таков ќе биде случајот ако стигне до финале на едниот, а се пласира во третото коло на другиот турнир. Последна опција за задржување на првото место е пласман во полуфиналето на двата Мастерс турнири на земјена подлога.
Медведев прави пауза поради оперативен зафат, но и натаму би можел да заврши на врвот на светската ранг листа.