Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на магистралниот пат Гостивар – Маврово, при што повредени се две лица.
Еден од учесниците во несреќата е странски државјанин, односно граѓанин на Косово.
„На 25 април, во 8.45 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Маврово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘рено’, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Б. (74) од Скопје, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г. Т. (42) од Скопје, и патничко возило ‘хјундаи’, со косовски национални ознаки, управувано од Ф. И. (60) од Косово. Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот Т. Ѓ. од возилото ‘рено’, а телесни повреди добил возачот А. Б., констатирани во Општата болница во Гостивар“, велат од МВР за несреќата.
Извршен е увид.