„Доколку зборуваме за депресија во тек на бременост или после породување луѓето не знаат дека такво нешто се случува и многу често на жените им велат како си нерасположена и треба да е расположена бидејќи тоа е нешто најубаво што ќе стане мајка“, изјави психијатарот Славица Арсова – Хаџи Анѓелковска на денешната трибина насилство и ментално здравје кај децата / млади, жени и постари лица поддржана од Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во склоп на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека бројката од 15 проценти депресија кај населението не е реална бидејќи таа е 30 проценти
Таа посочи дека дете која нема добра релација со мајката во текот на нејзината прва година ќе има потешкотии на психолошки план.
„Доколку мајката кога ќе се породи не може да се грижи за себе односно има по драматични последици да не сака да го дои бебето тоа води кон ризик на детето да има потешко детство на емоционален план и да се соочи со сопствени потешкотии од анксиозни депресивни дејства“, рече Арсова Хаџи Анѓеловска.
Во текот на трибината свое обраќање имаше и психијатарот Васка Митова. Таа истакна дека битна е средината дали ќе биде оддржувачка за тој одреден развој или толку фрустрирачка и постојан хроничен стрес за немање можност на адаптација во таа средина.
„Стресот кај децата би го делела како акутен стрес, стрес од тргнување во градинка, оттргнување од фамилијата и во сите тие ситуации треба да имаме некоја личност кој ќе биде емотивен регулатор на детето кога тргнува во градинка или кога пак тоа паднало од точак и слично“, рече Митова.
Таа истакна дека итен фактор е апаратусот на стрес.
„Психолошкиот апарат кој е одговорен за нашиот стрес од самата природа. Почнувајќи од детството тој апарат го зајакнуваме тој апарат и така ги градиме своите когнитивни психолошки механизми на справување со одредени ситуации“, кажа Митова.
Во текот на трибината свое обраќање имаше и психијатарот Александар Ристески.
Тој посочи дека насилството кон возрасните лица прави длабоки штети на нивното физичко и ментално здравје, а пролонгираното дејство може да предизвика сериозни ментални растројства.
„Раното препознавање, промоција на заштитни мерки, пружање на соодветна поддршка се клучни чекори. Заедничка обврска за обезбедување на општество кое ќе ги почитува и кое ќе се грижи за возрасните лица бидејќи тие тоа го заслужуваат“, рече Ристески.
Тој посочи дека потребно е подигнување на свеста за сериозноста на проблемот и дестигматизација.
„Подигнување на нивото на грижа за возрасните како вулнерабилна група. Вклучување на здравствени работници, социјални служби, невладини организации. Градење на мрежа за социјална, правна и финансиска помош. Отворено зборување преку трибини, работилници, вклучување на медиуми и социјални мрежи во склад со ова модерно време“, вели Ристески.