На прашањето, дали Бугарија треба да го смени ставот и да го симне ветото за почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, Трифонов коментира дека сегашната позиција на Софија е исправна и се додека односот на Скопје и Македонците кон Бугарија не се променат, нема да се промени ниту бугарската одлука за ветото.
– Не мислам дека бугарската позиција по ова прашање треба да се промени. Каква што е сега треба и да остане. Топката е кај нив и тие мора да направат нешто за да ја променат нашата одлука. Ние долго време имавме прекрасни односи со нив. Нивната реакција не беше таква, вели Трифонов.