Борисов смета дека резултатите од изборите се „изманипулирани“ и изрази сомнеж дека Слави Трифонов навистина сака неговата партија да формира влада.

Претходно, во видео обраќање Трифунов најави дека нема да прави коалиција со ГЕРБ ниту со друга партија и пред да бидат официјално соопштени изборните резултати го соопшти предлогот за владиниот кабинет. Трифунов го предлага Николај Василев за премиер кој во претходната влада беше вицепремиер.

Трифонов објави дека „Има таков народ“ предлага независен кабинет, бидејќи партиите што протестираат немаат мнозинство заедно за да формираат коалициска влада.

Владата на „Има таков народ“ е составена од експерти и пред неа ќе има специфични приоритети со најкраток можен рок за имплементација – најави Трифонов.

Борисов смета дека водењето малцински кабинет со поддршка од само 60 пратеници и без преговори со останатите парламентарни партии е практично невозможно.

Со изјавата на Слави Трифонов дека ќе предложи малцинска влада, тој реално не сака да направи влада. Планот им е друг. Бојко Рашков (актуелниот прв човек на МВР ) да беснее на функцијата додека може, додека не исчепка се што може. Тоа е играта на Румен Радев. Да остане техничката влада на власт. Тоа е сценариото – изјави Борисов на брифинг со новинарите во седиштето на ГЕРБ.

На пребројани 98,92 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, „Има таков народ“ (ИТН) предводена од бугарскиот телевизиски шоумен Трифонов е во тесно водство пред партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите на ЦИК.