Тој упати препорака да ги следат модерните токови на развиениот свет и да дадат предност и заштита на обичниот граѓанин кој не по своја вина настрадал.

Воедно упати и порака и до актуелните политички гарнитури да се тргнат од било какво влијание врз Уставниот суд.

– Доколку овој чин се заврши позитивно за штедачите ќе се симне огромен товар од мојата совест и личност и ќе бидам посветен исклучиво на борбата против организираниот криминал во банкарскиот сектор како и да ми се врати украденото бидејќи институциите на системот кои се обврзани да го штитат инвестираниот капитал комплетно подфрлија извршувајќи нечии наредби со цел да се сокрие организираниот криминал. Мојата борба продолжува, стои во објавата на Костовски.

Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд на РМ да поведе постапка по член 163 од законот за Банки и да ја исправи…

Posted by Trifun Kostovski on Wednesday, April 21, 2021