Лековите се на Детската клиника, а од утре веќе ќе почнат да им се даваат на шестте пациентите што нема да лежат во болница додека ја примаат, бидејќи тоа се пилули кои се земаат два пати дневно во домашни услови, потврдуваат надлежните. Министерот Фатмир Меџити кажа дека најгорливиот проблем за потешко болните е решен.

Директорката на Детската Клиника Стoјка Нацева-Фуштиќ појасни дека од оваа болест најмногу се засегнати белите дробови, а лекарите очекуваат лекот да ја подобри здравствената состојба, но и квалитетот на живот на пациентите. Поради тоа што при интервентниот увоз платена била пониска цена од очекуваната, Клиниката бара преку иста постапка со остатокот од парите да се набават терапии за уште четворица пациенти.

Сепак, од осумтемина за кои сега има лек, две пациентки се во ризична состојба и лековите ќе мора да ги примаат во болница и ќе бидат хоспитализирани на Клиниката за пулмологија.

Иако терапијата е донесена на детската клиника, дел од годишната терапија за две пациентки што се во тешка состојба ќе се префрли на пумологија. Тие од понеделник тука ќе бидат хоспитализирани и ќе ја примат „Трикафта“ .

Останатите пациенти со цистична фиброза кои не се итни случаи лекот ќе го чекаат од идните набавки за кои треба да се променат неколку закони со цел да се овозможи државата дирекно да преговара со производителот и да договори уште поевтина цена за „Трикафта“.

Предлог законите се доставени во собрание, ама официјалната процедура за измените, не е започната.