Се јави Путерот, но веројатно со жешкото време се растопил, па замириса на мувла и криминал, кој го крие, пишува на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Слушај вака Љупчо, ти прво треба да им дадеш одговори на органите на прогонот за сите коруптивни договори кои ги имаш направено. За жал, истрагите се заглавени кај главниот обвинител Коцевски. Па за тоа го браневте во Собрание, да ве спасува.
Што се однесува до земјоделците:
1. Исплатени се сите заостанати субвенции, кои не ги исплаќавте со години.
2. Земјата се распределува кај вистинските земјоделци, а не кај партиските пајташи на СДС кои потоа ја даваа во подзакуп на напатениот земјоделец и печалеа на негов грб.
3. Земјоделците имаат пристап до сите програми, но нема ликови од СДС кои од тоа ќаруваа.
4. Решен е откупот на сите култури, нема земјоделски производи кои скапуваат на нива како што беше пример во време на СДС.
5. Откупните цени се на историски максимум, и тука нема да пишувам фермани, зошто земјоделците знаат, а ти кој не си работел земјоделие никогаш немаш поимање.
6. Се инвестира во системи за наводнување.
7. Земјоделците имаат партнер во МЗШВ.
8. Имаме зголемување на производството на скоро сите земјоделски култури.
9. Имаме зголемување на извозот и девизниот прилив од продажба и извоз на земјоделски производу и преработки.
10. Земјоделците имаат предвидливост во земјоделските политики и можат слободно да планираат имвестиции на среден и долг рок.
А да… ти ова неможеш да го разбереш, зошто ниту си соодветно образован и никогаш не си работел земјоделство, а додека го водеше министерството, се водеше од бизнис интересот на Заевци и неколку фирми блиски до тебе, пишува Трипуновски на Фејсбук.