Трипуновски додаде дека езерото Турија и покрај за вода за пиење се користи и за наводнување на земјоделските површини.
„Годинава што помина немаше доволно вода, и како што продолжува Владата со несовесно управување на водниот ресурс под голем знак прашалник се доведува и идната земјоделска производствена сезона. Езерото Турија е клучно езеро за струмичкиот регион. Илјадници земјоделци зависат од водата на ова езеро“, заклучи Трипуновски.
Трипуновски посочи дека со оваа власт езерата се во опасност од исчезнување и пресушување. А, последиците ќе траат неколку години.
„Време е оваа власт да си замине и под итно да се преземат неопходни чекори кои што се од суштинско значење и за земјоделството и за енергетиката“, нагласи Трипуновски.