Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис.
Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни. – изјави Трипуновски.
Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе се движи Министерството во иднина, со зголемен ангажман, побрза реакција и поголема грижа за македонските земјоделци.
Ја намалуваме бирократијата и ги забрзуваме процесите и постапките бидејќи македонските земјоделци треба да се посветат само на производството, заврши Трипуновски.