Ковачевски и Николовски преку Министерството за внатрешни работи на Спасовски вршат жесток притисок вез земјоделците, кои преку протести го изразуваат својот револт од неспособноста на владата да обезбеди пласман за нивните земјоделски производи. Ова е барање за поведување на прекршочна постапка против 9 лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани – Штип, заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот, истакна Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест.
Ова е поканата за разговор од јавен обвинител, за еден од организаторите. Од која јасно се гледа дека тој е повикан во својство на обвинет затоа што протестирал и го искажал својот револт поради ниските откупни цени на оризот.
СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени. 5 години се на власт, секоја година дел од родот завршува на буниште, а се помал е и бројот на земјоделци, но и на површини под посеви и насади, подвлече Трипуновски и додаде:
„Апелирам владата на чело со Ковачевски и Николовски да не се изживува со земјоделците. Веднаш да го запре прогонот против нив.
Дополнително, наместо преку нишан да гледа кон земјоделците, да се договори за производство за основните продукти, и истите преку Агенцијата за стокови резерви да ги откупи државата.
Недозволиво е во глобално непредвидлива ситуација земја како Македонија, која има потенцијал да произведе основни продукти, суровини и преработки од храна, да гладува“.